Skip to main content

Екипите на ЈП Охридски Комуналец синоќа на терен во справување со априлскиот снег

Мобилизирани се дежурните екипи и целокупната расположлива механизација за дејствување во зимски услови.
 |  инфодеск  | 

Екипите на ЈП Охридски Комуналец од синоќа се на терен во справување со априлскиот снег.

-Мобилизирани се дежурните екипи и целокупната расположлива механизација за дејствување во зимски услови после снежните врнежи, велат од јавното претпријатие.

Се расчистува снежната покривка според приоритет: населени места кои гравитираат на повисоки места, главни сообраќајници и пешачки зони ( Стар Град, населба Гоце Делчев – Бараки, села Велестово, Елшани и Горно Коњско и главни сообраќајници).