Skip to main content

Екипи од локалната ги отстранија бетонските топки

По паркинг рамките,  дојде ред и на бетонските топки. Екипи ангажирани од Локалната самоуправа денеска започнаа да ги отстрануваат бетонските топки кои го попречуваа нормалното движење на кејот Маршал Тито.

 |   | 
topki
topki

 

По паркинг рамките,  дојде ред и на бетонските топки. Екипи ангажирани од Локалната самоуправа денеска започнаа да ги отстрануваат бетонските топки кои го попречуваа нормалното движење на кејот Маршал Тито.

topki„Како што ви е познато по иницијатива на МВР започнавме со отстранување на сите бетонски препреки во центарот на градот. Вчера се отстранија сите  метални рампи и денеска продолжуваме со отстранување на бетонските топки на кејот.“-изјави Танас Танаскоски, раководител на општински инспекторат.

Инаку бетонските топки беа поставени на почетокот на јуни 2012 со одлука донсена на Седница на совет на 31 мај, како дел од решенијата за новиот режим на сообраќај. По аминот од советниците дека на Кеј Маршал Тито динамичкиот сообраќај треба физички да се оддели од пешачката зона, стручните лица во секторот за сообраќај при тогашната локална самоуправа го понудиле решението со бетонски топки. Еден месец по поставувањето на топките, 80 годишна скопјанка се сопна на една од нив и се здоби со сериозни повреди поради што ја даде општината на суд и тој процес сеуште трае.

bet. ostroviОд страна на општина Охрид беа превземени и градежни зафати за отстранување на бетонираните острови на кои беа поставени паркинг-апаратите во централното градско подрачје. Предходно вчера беа одстранети металните рампи.

Сето ова доаѓа откако локалната отпочна со реализирање на ветувањето дадено од Градоначалникот Бакрачески, дека просторот за паркирање во центарот на градот и околните улици ќе биде слободен за движење, а Договорот за закуп на паркинг просторот ќе биде раскинат, затоа што е штетен за општина Охрид и граѓаните.

{loadposition content9}