Skip to main content

Екипи на Проаква го санираат водоводниот ситем во Долно Лакочереј

 Жители од Долно Лакочереј реагираат дека водата за пиење има силен мирис на некаква хемикалија. Од МЈП Проаква смируваат дека водата се хлорира но во дозволените граници. Нивни екипи работат на  санирање на водоводниот ситем во Долно Лакочереј. Се чистат и хлорираат цевководите, каптажите и резервоарот. 

 |  Валентина Неловска  | 

Деновиве, силен мирис на хемикалија во водата за пиење ги вознемирил жителите од селото Долно Лакочереј. Жителите стравуваат дали е се во ред со водата за пиење и каков е квалитетот на водата. Смирувачки тонови стигнуваат од МЈП Проаква. Водата се хлорира но се е во дозволените граници и не е штетно по здравјето на луѓето.

„Овие денови пристапивме кон санирање на системот. Работиме на терен, се чистат каптажите, резервоарите, почнавме да хлорираме. Граѓаните реагираат точно е заради прехлорирањето кое го направивме за да го донесеме во нормала целиот цевковод на водоснабдителниот систем во Долно Лакочереј.

МЈП Проаква со одлука на Советот го доби на управување водоводот во Долно Лакочереј во месец октомври. Нивни екипи работеле на санирање на како што велат хаотичнатa состојба со водоводот. Десетина дена работат на хлорирање на водоводниот систем . Напоменуваат дека пред преземањето да стопанисуваат со водоводот од ова село жителите пиеле неисправна вода, вели Владимир Алексијоски директор на Проаква.

„ Досега многу пати од Агенцијата за храна и ветеринарство ни беше сугерирано дека водата за пиење за жителите од Долно Лакочереј, Косел, Свиништа, Завој, Опеница, Куратица водата не е во границите на нормативите од  Правилникот за квалитетот на водата за пиење во Република Македонија.

Од МЈП „ Проаква“  апелираат жителите да соработуваат со екипите на ЈП за да се изврши промената на водоводните броила. Првите сметки за водоснабдување според пропишаните стандарди за квалитетот на водата жителите од Долно Лакочереј ќе ги добијат во текот на месец март.