По вчерашното невреме во с.Љубаништа, дежурните екипи на ЈП Охридски Комуналец повторно на терен.
Денес од раните утрински часови дежурните екипи се на терен за санирање на последиците и нормализирање на состојбатa.
Се метат јавните површини во с.Љубаништа и се отстрануваат остатоците од наносите од земја и камења
По невремето што вчера попладне го зафати пределот околу селото Љубаништа, веднаш на терен излегоа екипи на ЈП “Охридски Комуналец” опремени со специјална механизација за расчистување на свлечиштето, а потоа се изврши машинско миење со цистерна.