
Екипите на „Охридски комуналец“ на терен на многуте локации за хортикултурно средување на зелените површини. Велат дека се косат тревниците, се садат нови дрвја во градски парк и ул.,,7-ми Ноември”, се спроведуваат припремени активности за садење на трева на ул.,,7-ми Ноември”, хортикултурно одржување кај црквата Св. Никола во с.Љубаништа и околу детското игралиште во с. Рача.


-Пролетта е годишно време кога парковите зрачат со својата убавина и впечатливи бои. Природата се буди, семињата никнуваат, тревата ја добива онаа впечатлива зелена боја, цвеќињата цветаат во своето изобилство од бои, а дрвјата полека, но сигурно ја кројат својата крошна, велат од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид.
