Skip to main content

Работна акција

Екипите на Комуналец и на празник работно

И на празник работно. Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со низа активности за уредување и расчистување на Охрид и околината.
 |  инфодеск  | 
Акција Комуналец

Иако денес е голем празник, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ се на терен во служба на граѓаните и јавната чистота на Охрид.

Акција Комуналец

И во овој празничен ден нашите дежурни eкипи се ангажирани на повеќе локации за градот да блесне во својот полн сјај. Дел од екипите го украсија градот со знамиња по повод 8-ми сепетември-Денот на независноста на Рeпублика Македонија. Генерално беше расчистен делот во градскиот парк каде се наоѓаат спомен-обележјата на револуционерите. По санирањето на дефектот со водоводната мрежа на ул. „Питу Гули”, темелно се расчисти оваа улица од наталожените наноси од земја, песок и др. Генерално беше извршено чистење на патниот правец до селото Велестово (метење, отстранување на наноси од земја, песок и др. и подигнување на расфрлани отпадоци покрај патот и видиковецот кај с.Велестово) – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Акција Комуналец

Во рамки на нивните активности, екипите извршија и отстранување на реса, алга, трска и друг вид отпад од езерските води покрај кејот.

ЈП „Охридски Комуналец“ на граѓаните им го честита Денот на независноста на Република Македонија!!!

Акција Комуналец
Акција Комуналец
Акција Комуналец