Оваа година СУП клуб Охрид, по повод Ден на Охридско Езеро, повторно организира еколошка акција. Утре, 21.06, oд 11 часот, овој ден ќе се одбележи на симболичен начин со Супер Чистка и дружба на СУП.
Стартот на акцијата е од плажа Канео, од каде со СУП и кајак ќе се весла до плажа Лабино, Градска Плажа и Стар Град.
Настанот е бесплатен, како и опремата и кратка обука за управување со СУП и кајак.
„Се што треба е да понесете е убава енергија.“ -порачуваат од СУП клубот.
Пријавување во инбокс на Фејсбук страната на СУП Клуб Охрид.
Првиот ден на летото 21 јуни, во 2000-та година беше прогласен за ден на Охридското Eзеро. Тогаш е потпишан меморандумот за заштита на езерото помеѓу Охрид, Струга и Поградец со цел подигање на свеста за поголема заштита на езерото како природно наследство од македонска и албанска страна.