
На 5-ти април, од 12:00 до 14:00 часот, на плоштадот „Крушевска Република” (Кај Чинарот), ќе се одржи ЕКО-МАРКЕТ, каде што ќе можете да најдете и да продавате:
- Облека од втора рака
- Рачно изработени сувенири
- Книги, торби, обележувачи за книги и креативни изработки
Креативниот клуб на Младински Центар Охрид веќе подготви уникатни торби и обележувачи за книги, кои ќе бидат изложени на пазарот.
Сè уште има место за учество. Доколку сакате да продавате и да ја поддржите оваа иницијатива, пријавете се.
Сите собрани средства ќе бидат донирани за малиот Петар, кој има ретка болест и му се потребни итни и сложени операции во Истанбул. Да му дадеме уште една шанса за подобар живот.
Доколку сакате да продавате, пријавете се на линкот долу, а за било какви прашања слободно пишете ни порака.
Еко Базар – пазар на втора рака
Оваа активност е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита.