Skip to main content

(ОБНОВЕНО)Еко настан во Охрид за денот на планетата Земја

По повод Светскиот ден на планетата Земја,  на ден 22 април, (среда), со почеток во 13 часот, на Градскиот плоштад ” Св.Климент Охридски”,  во Охрид, ќе се одржи музички хепенинг, фото-работилница и ликовен перформанс.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

охридПо повод Светскиот ден на планетата Земја,  на ден 22 април, (среда), со почеток во 13 часот, на Градскиот плоштад ” Св.Климент Охридски”,  во Охрид, ќе се одржи музички хепенинг, фото-работилница и ликовен перформанс.

Овој културно-едукативен настан e организиран од здружението ТАКТ заедно со група волонтери и вљубеници во природата.

“Истиот има за цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните, пред сè, заради заштита и зачувување на водите на Охридското eзеро.

Најавено е присуство и од градоначалникот г. Никола Бакречевски додека во програмскиот дел, за жал, откажано е предавањето на проф.Теута Ѓуладин Хелон , a додадена е работилницата “Здив, вода , звук”, на Теодора Костовска, учител на фондацијата “Арт оф ливинг”.

{loadposition content9}