Eко патроли во ОУ „Св. Климент Охридски“
Во ОУ„Св.Климент Охридски„ со почетокот на второто полугодие започна и конституирањето на еко патролите во училиштето.
Во ОУ„Св.Климент Охридски„ со почетокот на второто полугодие започна и конституирањето на еко патролите во училиштето. Во првото полугодие била направена анализа за свеста кај учениците за фрлањето отпад на несоодветно место, со што било констатирано дека корпите за отпад од страна на учениците не се користат според целите предвидени во планот за работа на училиштето. Поради тоа во училиштето започнаа со работа Еко патролите кои ги сочинуваат ученици од II-VIII одделение.
„Нивната задача и цел е да се подигне свеста за природата и чистотата на училиштето, а со тоа и на околината. Овие ученици ќе носат залени марами за време на големите одмори и ќе ги известуваат и советуваат учениците да го фрлаат отпадот на соодветно место, со тоа што за истото водат дневник во т.н.„зелена книга„.“ велат од училиштето.
Во Зелената книга ќе се најдат имињата на учениците кои не се придржувале до советите на Еко патролата за одржување на чистотата, а потоа со тие ученици ќе се оддржуваат предавања за подигнување на свеста за заштита на животната средина.
Инаку училиштето „Св.Климент Охридски„ може да се пофали со високото ниво на хигиена, но директорот Јордан Пуроски со овој чекор сака допринос во тоа да остават самите ученици, а не само техничката служба, со што кај учениците ќе се развива позитивно чувство од корисна работа за заштита на околината.
{loadposition content9}