Skip to main content

Ученици од прво одделение

Еко работилница во ООУ Григор Прличев

Општина Охрид заедно со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ денеска организираше еко работилница за учениците од прво одделение во ООУ „Григор Прличев“.
 |  инфодеск  | 
Нула отпад еко работилница

Се одржа еко работилница за учениците од прво одделение во ООУ „Григор Прличев“.

Работилницата беше организирана од Општина Охрид заедно со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“.

Покрај презентацијата на едукативно видео, на учениците им беа поделени примероци од детската сликовница за екологија „Супер херој-Нула“. Тие добија и едукативни постери и мали садови за собирање на отпадни батерии.

Нула отпад еко работилница

Целта на овие едукативни работилници на „супер херои“ е да се поттикне вистинската моќ на малите – големи луѓе, нивната креативност, фантазија и нивната замисла за поубав и почист свет.

Само преку креирање на правилна стратегија, постојана обука и активности за подигање на свеста на граѓаните за значењето на селекција и рециклирање на електронскиот отпад и отпадните батерии може да се овозможи понатамошен раст и развој на локалната заедница. На тој начин може да се придонесе за подобри услови за живот на населението во општината – нагласуваат одговорните.

Нула отпад еко работилница

Тие објаснуваат дека сите ние треба да бидеме иницијатори на еколошки движења во нашата средина, да помогнеме во подигнувањето на свеста за проблемот со загадувањето и да мотивираме што повеќе луѓе да се грижат за себе и околината.