Еко-свест од најмала возраст
Основците од „Христо Узунов“ ја развиваат еко-свеста.
Човекот најдобро учи од природата. Слично како дрвцето јасен кое како семка сме го засадиле, така и еко-свеста на децата се засадува во најраната возраст. Тоа добро го знаат основците од „Христо Узунов“ кои денес садеа семки јасеново дрво. „Прво се зема пластичен сад, и се става подлога на дното. Се прават неколку дупчиња, се става еден сантиметар песок во саксијата, а над неа ровка земја. Ја притискаме малку земјата па со остар предмет правиме дупка од 2-3 сантиметри. Во дупката ја ставаме семката јасен и ја покриваме со земјата.“-токму вака дечињата внимателно ни раскажаа како треба да се засадуваат садниците, а ни објаснија и што понатаму со овие садници.
„После садењето на семките ние ќе ги вадиме нашите садници, се договоривме тоа да го правиме на класниот час секој понеделник и потоа кога ќе пораснат ќе ги засадиме.“
„Овие семки кои ги засадивме сега ќе ги одгледуваме па потоа ќе ги засадиме во шумата. Мислам дека треба уште повеќе дрвца да се садат за да имаме чист воздух.“-рекоа дел од учениците.
Учениците од „Христо Узунов“ овие садници ги засадија под будното око на нивните наставници. Тие добиле и посебни упатства од наставникот по биологија како да се изведе целата акција. А еве зошто токму јасенот е избран за оваа акција.
„Се одбира јасен секој прашува зошто јасен, или костен се одбира едно од овие две, а се одбира затоа што семките на овие две култури се многу отпорни на надворешни влијанија и пожелно е да се засадуваат пролетно време.“-вели Владо Андрески-професор по Биологија-ОУ „Христо Узунов“
Оваа пролетна акција наречена „Садница +“ инаку се одвива низ целата држава и е подготвителен дел за есенскиот „Ден на дрвото“. Во денешната акција, основците од „Христо Узунов“ засадија околу 1000 семки јасеново дрво.
{loadposition content9}