©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.

  • Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Екологистите од Грашница бараат да се изработи археолошко сондажно истражување на Мауцкер

Екологистите од Грашница бараат да се изработи археолошко сондажно истражување на Мауцкер

Екологистите од Грашница бараат да се изработи археолошко сондажно истражување на Мауцкер.

 |  Валентина Неловска  | 
мауцкер
мауцкер

Екологистите од Грашница со демант дека молчеле за претварањето на локалитетот  Мауцкер во градска депонија. Ние отсекогаш сме укажувале дека градежниот шут на Мауцкер не смее да се меша со  друг вид отпад, но за жал никој не ги послуша нашите апели,  вели претседателот на ЕД Грашница Борис Стојаноски. Активни се  и во новите случувања на Мауцкер. Во декември приговорале за развојната зона дека тука  постои археолошки локалитет, посочува Стојаноски.    

мауцкер„  Во сегашната фаза ја поздравуваме идејата за чистење на депонијата, за изградба на развојната индустриска зона, но за да не бидеме и понатка повикани кај сме како екологисти и зошто не сме реагирале сакаме да укажеме дека при оценката на компанијата која го работи проектот  за стратешка оценка на животната  средина која беше на јавна расправа, ние поднесовме приговор“, укажа Стојаноски.

Екологистите укажуваат дека археолозите Владо Маленко и Паско Кузман на овој потег имаат откриено остатоци од градска населба од Хеленистичкиот период од 4 век пред нашата ера.  При изработката на техничката документација за индустриската зона,  Завод и музеј дале мислење дека на овој потег нема евидентирано археолошки локалитет, вели екологистот Никола Киселинов. Тоа  е точно, локалитетот не е внесен во архоелошката карта на РМ, но не треба да се занемарат истражувањата на двајцата археолози и да не се жртвува цел подземен град за потребите на индустриска зона, додава Киселинов.

мауцкер„ Ние како екологисти бараме претходно да се изработи археолошко сондажано истражување  и да се утврди до каде се протега тој град, колкави  се границите. Каде што има простор нека се гради индустриска зона и каде што има археолошка наследство да биде зачувано“,напоменува Киселинов.
Директорката од Завод и  Музеј, Тања Паскали Бунташеска за ТВМ рече дека по  разгледувањето на  планот за урбанизирање на  Мауцкер дале зелено светло, но ќе бидат претпазливи при изведување на градежните работи. Во одредбите нагласиле да се задржи патот кон Киклопските ѕидини, каде што веќе биле вршени археолошки истражувања, а при изведбата на земјените работи на Мауцкер ќе присуствува  археолог кој ќе ги следи зафатите.

Доколку се откријат археолошки наоди,  ќе мора да се постапи согласно законските одредби, вели Паскали Бунатшеска.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top