Skip to main content

Екологија

Еколошка акција за чистење на дното на Охридското езеро од цврст отпад “ОХРИД ЕКО 2024”

Локациите кои се одбрани се Калишта, Градско пристаниште, Камп Градиште, Музеј на вода и Черава.
 |  инфодеск  | 

Еколошката акција за чистење на дното на Охридското езеро од цврст отпад “ОХРИД ЕКО 2024” ќе се одржи на 01.06.2024 (Сабота) а ќе земат учество нуркачи од Македонија и Балканскиот регион, информираат од нуркачкиот центар Амфора.

Оваа година како локации се одбрани :
1. Калишта
2. Градско пристаниште
3. Камп Градиште
4. Музеј на вода
5. Черава

Збирното место за сите нуркачи е Градското пристаниште во 9:00 часот. Во недела за сите учесници на акцијата во 9:30 часот, нуркачкиот центар Амфора организира нуркање на една од многуте атрактивни локации на Охридското Езеро.

Од нуркачкиот центар Амфора информираат дека нуркачите кои имаат недостаток на опрема, истата ќе биде обезбедена од Амфора по принципот прв дојден, прв услужен.

Од нуркачкиот центар Амфора ги покануваат сите нуркачи со меѓународен сертификат за нуркање да земат учество во акцијата.