Еколошката свест кај граѓаните, за жал на најниско ниво! Дежурните екипи на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец”, задолжени за одржување на јавната хигиена, изминатиов викенд имаа полни раце работа.
Несоодветно депониран и расфрлан секаков вид кабаст и зелен отпад насекаде во градот. Сликите недолични за еден туристички центар. Екипите и денес се на терен за да се надмине затекнатата ситуација, велат од јавното претпријатие.

Се подигаше кабаст и зелен отпад и градежен шут по улиците Даме Груев, Јане Сандански, Питу Гули, 7-ми Ноември, Егејска, Пере Тошев, Сирма Војвода, населба Даљан, Булевар Туристичка, Јордан Мијалков, АСНОМ, Галичица, Никола Карев, Марко Несторoски и други локации.
Секојдневно се интервенира и на градскиот кеј (потег градско пристаниште до Холандски парк) каде се подига разновиден тешко разградлив отпад, реса и муљ.
