Skip to main content

општина охрид

Еколошки куќички за птици на охридското кале

Куќичките се наменети за мали птици кои на тој начин полесно ќе се справат со климатските промени и ќе се зголемува нивниот број.
 |  инфодеск  | 

Денеска надлежните од  Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при општина Охрид заедно со вработените од Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп поставија 30 дрвени куќички за птици на потегот од  пешачката патека од Горна порта до Лабино и Канео. Куќичките се целосно изработени  од природен и траен материјал. Овие живеалишта се наменети за мали птици кои на тој начин полесно ќе се справат со климатските промени и ќе се зголемува нивниот број.

Станува збор за општествено одговорен проект на Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп којшто е подржан од Општина Охрид.