Skip to main content

Еколозите порачуваат: Од пандемијата да се извлече поука

Денот на планетата Земја се одбележува за прв пат кога природата е најчиста и најмирна но човекот е тој кој се соочува со сериозна закана по колективното здравје и економијата.  Мора да се запре економски раст со неограничено користење на природните ресурси, порачуваат охридските еколози.  

 |  Валентина Неловска  | 

Денот на планетата Земја се одбележува во период на пандемија кога планета се регенерира, кога е најмирна и најчиста, вели екологистот Ѓоко Зороски. Намалено е загадувањето на воздухот и водата, бучавата во големите градови , океаните, морињата езерата, вели Зороски.

Можеби ова пандемија се случи во најдобро време сега е сезона за мрест на многу видови риби и во нашето Езеро кои не се вознемируваат од стрна ан човекот. Сезона е на гнездење на птици и парење на диви животни. Период кога треба најмалку да се вознемируваат дивите животни, а човекот е се помалку присутен надвор. Наше мислење е дека по оваа епидемија ќе се размисли за конзумирање на дивите животни и кај нас и во светот“, вели Зороски.

Човекот ќе извлече поука од целата ситуација пропорционално со времетраењето на пандемијата. Колку подолго ќе трае толку и заклучоците ќе бидат подлабоки и посуштински, смета Зороски. Мора да се запре економскиот раст со неограничено користење на природните ресурси при тоа уништувајќи го безмилосно екосистемот, напоменува екологистот.

„Од друга страна загрижува тоа што ако после ова човекот сака да го надополни она што го изгубил и почне забрзано да ги користи ресурсите, да се зголеми сообраќајот црпењето на нафтата и сл. ништо не сме направиле. Доколу се извлечат поуки од кризата ќе видиме дека природата го има главниот збор на земјината топка, а не човекот“, порачува Зороски.

Во моментов во драстично опаѓање е глобалното загадување и емитирањето на штетните гасови во атмосферата од сообраќајот и индустријата. Само во Кина за 25 проценти е намалено емитирањето на јаглерод диоксид во споредба со истито перидо од минатата година.