Skip to main content

Еколозите предлагаат термални камери за заштита на рибниот фонд

Еколозите предлагаат псотавување на термални камери за заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро. Сметаат дека со пософистицирани и засилени  мерки  ќе се намали робокрадството. Алармираат ендемичните риби се на работ на истребување.
 |  инфодеск  | 

Потребни  се засилени мерки за  заштита на рибниот фонд во Охридското Езеро, кој за жал последните децении е на работ на истребување. Еколозите предлагаат  поставување на   термални камери на потегот од Пештани до Свети Наум и во струшкиот дел од Радожда до Калишта. За целосна заштiта , велат потребни се мерки и од албанска страна.

Езерска полиција

Термалните камери  ќе може во ноќните часови да  регистрираат се она што се случува во езерото за да се намали  рибокрадството.

„Сметам дека крајно време е да се употребат посовремени технички средства за мониторинг на езерото. Има доста случаи во Европа каде се применуваат термални камери кои што регистрираат се она што се случува во езерото, посебно во ноќните часови кога е застапен криволовот. На камерите не им пречи магла, дожд, отсјај и се добра алатка за да се регистрираат и уловат рибокрадците”, вели Ѓоко Зороски екологист.

Охридска пастрмка

Популацијата на ендемичните видови охридска пастрмка и белвица со години е на критично нево. Од Хидробиолошкиот завод  велат потребна е построга примена на законските регулативи и поригорозни казни за решавање на овој проблем.

„ Треба построга примена на законската регулатива, треба поголема координација на сите иснтитуции и поостри казни. Крајот на приказната е ако не се спречи потешко е да се лечи. Најатрактивните видови риба се секогаш истите. Пастрмката и белвицата се комерцијално најатрактини бидјеки и нивната цена е доста повисока а по традиција се знае што е она што се бара на пазарот”, вели Душица Илиќ Боева од Хидробиолошкиот институт Охрид.

Рибокрадците секојдневно  го пустошат рибниот фонд во Охридското езеро.  Иако забрана за риболов има на сила,  нема концесонер и рибочувари.

Новинар Соња Рилковска