Skip to main content

Економски нерентабилни типизираните сувенирници во Охрид

Сега НУ Завод и Музеј овие  наменски објекти има намера да ги препушти на користење на општина Охрид. Во општина Вевчани сувенирницата веќе е пренамената  во туристички информативен центар.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Празни и напуштени се типизираните сувенирници во Охрид кои ги постави Министерството за култура пред неколку години. Објектите се покажаа како економски неодржливи иако се поставени во централното градско подрачје во Охрид и Вевчани за продажба на сувенири, информира Мишко Тутуткоски, директорот на НУ Завод и Музеј.

„Прометот кој се заработувал за да се платат луѓето кои рабоат во нив бил исклучително на ниско ниво во сите нив, во изминатите години. Буквално ги имаме оставено и не ги работиме. Разговаравме на оваа тема со градоначалникот на Охрид со кој најдовме решение и е во процедура , сакаме да ги отстапиме на градов. Градот ќе може да најде начин како да ги искористи“.

Во општина Вевчани сувенирницата е пренаменета во туристички информативен центар пред 2 години. Ставена е во функција за подобро информирање на туристите кои ја посетуваат нашата општина по нејзиното преземање од НУ Завод и Музеј Охрид, вели Сашо Јанкоски, градоначалникот на Вевчани.

Со поднесок до Влада тие се откажаа, а ние доставивме барање и ја презедовме, за да ја ребрендираме со еден проект на УНДП за мониторирање на заштитеното подрачје Вевчански извори. Сувенирницата ја пренаменивме во туристички инфо центар.“

Тутуткоски, директорот на НУ Завод и музеј,пак, напоменува дека постоjат начин и механизам сувенирниците и во Охрид да се отстапат на користење на општината. Тие се мали објекти и за нив може да се најде подобро решение од кое ќе има економски бенефит за да се  користат за некоја друга намена наместо за типизирани сувенирници.