Здружението за зачувување и истражување на животната средина Охрид / Дебрца објави дека викендов намерно е опожарен дел од Белчишко Блато на 4 места и изгорена е трска и ниска вегетација на површина од околу 7 хектари. Во нивното соопштение додаваат дека интервенирано е од охридската противпожарна единица, а органите на МВР извршиле увид.

-За скоро ќе биде инсталиран видео надзор и ќе го минимизираме уништувањето на природното богатство, се додава во нивната објава.

