Експерти за борба против дрогата на тркалезна маса во Охрид
Експерти за борба против дрога на тркалезна маса во Охрид.
Во Охрид започна дводневна тркалезна маса на која учествуваат претставници на Одделенијата за недозволена трговија со дрога од земјите во регионот и над 30-тина водечки форензичари за дрога од целиот свет.
Настанот е организиран од ОБСЕ и МВР, во соработка со Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал.
На тркалезната маса ќе се разговара за квалитетот на истрагите и превенирање на криминалот поврзан со дроги, вклучувањето на форензичарите со нивното истражување и обезбедување на научни докази поврзани со намалување на трговијата со дрога.
Тема ќе бидат и казните во регионот, Европа и САД за одгледување, производство, дистрибуција, трговија, поседување и употреба на дроги.
{loadposition content9}