Претставниците на Бернската и Рамсарска конвенција како и експерти од комисиите на УНЕСКО кои се во мониторинг мисија во Охридскиот регион беа во посета на Национален парк Галичица.
„На средбата беше претставена работната верзија на Посебниот план за управување со локалитетот Св. Наум, ПУ со НПГ за 2021-2030, илегалните градби во строго заштитените зони во паркот. Од страна на претставниците беше истакнато дека согласно позитивните законски прописи, многу важно е активностите предвидени во планските документи да бидат соодветно и ефективно применети во пракса.„ – информираа од НУНП Гaличица.
Претставниците на мисиите, заедно со претставници на локалните институции и НВО ја продолжуваат мисијата со увид на терен.