Skip to main content

Експертите на УНЕСКО својата инспекција на охридскиот регион ја започнаа од НП Галичица

Експертите на УНЕСКО својата инспекција на охридскиот регион ја започнаа од НП Галичица. На средба зад затворени врати со раководството на паркот било разговарано за измените на Планот за управување со цел да се реализираат големи инфраструктурни проекти како ски центар, експресен пат и туристичко развојни зони.

 |  Николоска Биљана  | 

Комисијата на Унеско денеска ја започна својата мониторинг мисија на охридскиот регион. Прва на агендата на експертите од организацијата за заштита на светското природно и културно наследство, Галичица. Тричлената комисија оствари работна средба со раководството на НП Галичица. Средбата се одвиваше зад затворени врати а по нејзиното завршување претставниците на УНЕСКО не дадоа изјави.
НП Галичица е под лупа на експертите со цел да се утврди дали и во која мера се испочитувани препораките кои Унеско ги даде во врска со големите инфраструктурни проекти кои треба да се реализираат во рамки на паркот. Препораките и забелешките уследија оркако Комитетот за светско наследство на последната 40 седница која се одржа во јуни 2016 во Истанбул, изрази загриженост за влијанието на планираните инфраструктурни проекти , експресниот пат Охрид – Свети Наум, ски-центарот на Галичица и туристичите развојни зони Љубаништа, Отешево и Стење врз статусот на охридскиот регион во УНЕСКО.
Директорот на НП Галичица, Зоран Вељаноски откри дека на средбата која траела подолго од договореносто било дискутирано за измените на Планот за управување со националниот парк. Додаде дека кај раководството на паркот не постои загриженост дека со реализација на инфраструктурните проекти регионот може да го изгуби статусот на заштита под УНЕСКО и подвлече дека се работи за проекти што се во насока на туристички и економски развој на Охрид.

„Во текот на целиот период на постапката Националната установа Национален парк „Галичица“ се држи до законските позитивни норми, никаде досега не сме отстапиле од тоа, а многу е значајно што во текот на оваа посрапка граѓаните, односно јавноста секогаш имаше увид во работењето“, изјави Зоран Вељаноски, директор на Национален парк „Галичица“.

По сите добиени напатствија од здруженијата, владиниот и невладиниот сектор,првичната стратешка оценка за влијанието врза животната средина била повлечена . Се изработила нова стратегиска оценка за влијанието на животната средина во што беиле вклучени и Европската банка за развој и реномирана англиска фирма ЦИТРУС. На почетокот на оваа година НП Галичица добил позитивно мислење од Министерството за животна средина и просторно планирањее. Понатака би требало да се изработи измената на планот за управување кој би се изработил во консултација со мистерствот за животна средина и советниците од владата на РМ. Но дали при неговата изработка ќе влијаат забелешките на мониторинг мисијата на УНЕСКО.

„Во овој момент не можам да ви кажам на што се однесуваат, но сите забелешки кои ќе бидат доставени од мониторинг мисијата ќе бидат внесени во измените на планот за управување“

За утре е планирана посета на комплексот во изградба на Универзитет „Св. Климент Охридски“ на Плаошник. Експертите треба да се сретнат и со стручните лица и со раководството на Завод и музеј Охрид, со претставници на локалната самоуправа, но и со невладините организации и еколошки здруженија. Мониторинг посетата ќе трае до 14 април.