Skip to main content

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ќе ја гради првата катна гаража во Охрид

Објектот е планирано да се гради кај Центарот за култура во строгиот центар на градот.

 |  Голабовски Крсте  | 
elem

centarОбјектот е планирано да се гради кај Центарот за култура во строгиот центар на градот. Државната компанија објави конкурс за избор на идејно решение, а архитектонските трудови треба да се достават најдоцна до 6 мај. За изгледот на катната гаража ќе одлучува посебна жири – комисија оформена од ЕЛЕМ, во чиј состав се влегуваат Звонко Кушоски, Снежана Галовска и Миле Славковск, пренесува порталот build.mk.

Проценките се дека катната гаража ќе почне да се гради во втората половина од оваа година, или пак, во текот на 2017 година. Информацијата за издигнување на овој инфраструктурен објект прв ја објави охридскиот градоначалник Никола Бакрачески на почетокот од февруари 2016 година.