Skip to main content

Правни субјекти

Електронска платформа за плаќање на фактури во ЈП Охридски Комуналец

Услугата е достапна 24/7, а на тој начин се избегнува закаснетото плаќање, каматите, се заштедува време и енергија, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
 |  инфодеск  | 
Електронска платформа

Од денеска во функција електронската платформа за плаќање на фактурите за правни субјекти.

Ги известуваме правните субјекти-корисници на нашите услуги, кои добиваат месечни фактури по услугата подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад, дека од денеска имаат можност за електронска наплата на фактурите преку онлајн плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија. Со оваа услуга корисниците имаат увид во неплатените месечните фактури и брзо, лесно и сигурно можат истите да ги платат – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Корисникот треба да креира кориснички профил на web-страната www.eohridskikomunalec.com.mk каде се внесува шифрата на корисник испечатена на фактурата (со кирилична поддршка пр. Ф9876). Доколку корисникот сака да има увид во повеќе свои објекти во шифра на корисник се внесуваат шифрите разделени со запирка, а прегледот на неплатени фактури е даден по објекти.

Услугата е достапна 24/7, а на тој начин се избегнува закаснетото плаќање и се избегнуваат каматите, се заштедува време и енергија, додаваат од ЈП „Охридски Комуналец“.