Skip to main content

Елена Лотеска-Наумовска, единствената жена-капетан кај нас, дел од Глобалната лидерска конференција „Јас сум жена“

Настанот и годинава на едно место обединува исклучителни Македонки од земјава и странство, кои ќе ги споделат своите знаења, искуства и професионални достигнувања.
 |  инфодеск  | 

Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска се одржува петтата Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“, во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“, во рамките на иницијативата „Мајките за Македонија“.

Меѓу учесничките на конференцијата е и Елена Лотеска-Наумовска, единствената жена-капетан кај нас, која со своето професионално искуство и приказна е пример за храброст, посветеност и рушење на стереотипите во професиите.

Настанот и годинава на едно место обединува исклучителни Македонки од земјава и странство, кои ќе ги споделат своите знаења, искуства и професионални достигнувања.

Големиот интерес за конференцијата „Јас сум жена“ уште еднаш ја потврдува потребата од поврзување, размена на знаења, отворање нови можности и создавање заеднички иницијативи.