Skip to main content

успешни приказни

Елена Лотеска Наумовска, генерален менаџер на брод „Армада“ меѓу најуспешни жени менаџери во Македонија

Охриѓанка меѓу најуспешни жени менаџери во Македонија.
 |  инфодеск  | 

 Елена Лотеска Наумовска, генерален менаџер на брод „Армада“ од Охрид е меѓу најуспешни жени менаџери во Македонија во изборот на Агенцијата „Марили“, која годинава, традиционално по 29-ти пат ќе ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот.

-На манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“, која ќе се одржи во сабота, на 17-ти мај 2025 година, во „Панорамика Дизајн Хотел“ во Скопје, за лауреатки ќе бидат прогласени менаџерки кои оставиле длабок печат со својата работа и труд. Сите се препорачани од нивни колеги и соработници, доаѓаат од приватниот сектор од различни области и дејности, и секако почитувана е нивната согласност да бидат дел од изборот, се вели во соопштението од брод „Армада“.

Годинава, 13 менаџерки ќе бидат наградени и ќе добијат статуетка „Жена водилка“. Од нив 11 се менаџерки од Република Македонија, една од Србија и една од Хрватска.