Елшани добива нов резевоар за квалитетно водоснабдување
Локалната со изградба на нов резервоар и нова водоводна инсталација ќе го решава проблемот на Елшани со водоснабдувањето.
Елшани добива реконструкција на водоводниот систем. Месното население децении наназад мака мачи со водоснабдувањето особено во текот на летните месеци кога недоволниот притисок без вода за пиење оставаше повеќе од 700 жители.
Како дел од реконструкцијата на водоводот, елшанци ќе добијат нов резервоар со поголем капацитет, нови полиетиленски цевки кои ќе ги заменат старите азбестни во должина од 2200 метри, како и водоводна пумпа.
„Претходно е констатирано дека е потребно да се изгради еден резервоар, поголем резервоар за вода, со вкупен капацитет од 100 метри кубни, кој го гледате во позадина. А веднаш после завршувањето на градежните работи за изградба на овој резервоар, ќе се почне со реконструкција на водоводните инсталации, односно водоводната мрежа и за таа цел, ќе бидат старите и дотраени инсталации кои многу често изминатите години беа подложени на дефекти и попречување во водоснабдувањето на жителите на Елшани. Како што знаете и сами системот е изграден далечната 1974та година и одтогаш наваму не е извршена ниедна реконструкција.“-вели градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.
Според претседателот на месната заедница од Елшани, Игор Шопоски, со изградбата на новиот резервоар и предвидените зафати, се решава еден горлив проблем за месното население.
„Прво да искажам голема благодарност до градоначалникот кој излезе во пресрет на жителите на Елшани да се направи резервоарот и да се промени водоводната мрежа кј беше децениски проблем за целото месно население во Елани. Со изградбата на резервоарот се решава еден горлив проблем за елшанци, со тоа што во летните периоди досега немавме вода, бидејќи сепак има повеќе наводнување на бавчи, ниви. Сега веќе тој проблем нема да биде.“-рече претседателот на МЗ Елшани, Игор Шопоски.
Инаку градежните зафати според градоначалникот Бакрачески треба да бидат завршени во наредните три месеци колку што изнесува и рокот на градба. За изведувач на работите е избрана струшката градежна фирма „БОКОП“ која имала најдобра понуда на јавниот оглас кој локалната го објавила за оваа намена.
{loadposition content9}