Skip to main content

Општина Охрид од ЕМО ќе прави индустриска развојна зона

АД ЕМО да прерасне во индустриска развојна зона. Ова ќе биде заложба на Грдаоначалникот Никола Бакрачески доколку и по трет пат не успее тендерската постапка за продажба на овој индустриски гигант.

 |  Јаковлева Лионела  | 
nikola bakraceski
никола бакрачески

Општина Охрид од ЕМО ќе прави индустриска развојна зона, вели Градоначалникот Никола Бакрачески. Тој бара компанијата да и биде дадена на општината доколку и по третпат не се најде инвеститор што ќе го купи АД ЕМО. Се планира фабриката по погони или парцели да се издава на потенцијални инвеститори. Ваквата идеја ќе биде доставена до Владата, рече Бакрачески.

Во постојана комуникација сме со Владата на Република Македонија која подготвува трет тендер за продажба на ЕМО односно за влегување на странски инвеститор во ЕМО. Има потенцијални инвеститори од областа на стопанството и индустријата кои се заинтересирани да инвестираат во одредени погони во ЕМО, вели Бакрачески.состанок


Интерес за инвестирање во Охрид има, потенцира Градоначалникот. Во изминатите седум и пол месеци, компании и физички лица сакале да вложат во градов и тоа најмногу во туризмот, пред се во изградба на хотели, пензионерски домови и комплекси во функција на здравствениот туризам, како и во производството на храна. Претставници на две компании веќе разговарале  со градоначалникот околу можностите за изградба на фабрика за производство на месо. Има и инвеститори кои се веќе подготвени, доколку Локалната самоуправа им даде одредени субвенции, да инвестираат во текстилната индустрија за што еден од погоните во ЕМО за нив бил сосема прифатлива опција. Тие веднаш би ја инсталирале опремата и би вработиле од 200 до 250 луѓе, појаснува Бакрачески.


Ингеренциите околу вработените и решавањето на нивниот статус комплетно ги има Владата на Република Македонија, но она што ние го предлагаме е, доколку ЕМО биде под Локалната самопуправа, при евентуално инвестирање од страна на домашните и странски инвеститори, предност да имаат оние кои биле вработени во ЕМО, се разбира доколку одговараат на стручните квалификации, вели охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

Овие предлози беа разгледани на денешниот состанок на Локалниот економски совет при Општина Охрид, каде покрај за судбината на ЕМО, се разговараше и за престојните новогодишни празници и за Водици.
Градоначалникот изрази задоволство од функционирањето на советот и решенијата кои се носат на овие состаноци.

{loadposition content9}