Skip to main content

Услужни дејности

Енергетската криза удира врз услужните дејности

Секој на свој начин се бори за опстанок посебно во зимските месеци. Засега не е алармантна состојбата со затворање на продавници и покрај зголемените трошоци во работењето.
 |  Валентина Неловска  | 

Економската и енергетската криза се одразуваат на услужните дејности. Во трговската дејност, од година в година, се потешко е да се опстане заради зголемување на трошоците за живот. Се повеќе се губи културата на шопинг со замавот на интернет продажбата , вели Маја Бакалова претседател на здружението на трговскиот и чаршискиот еснаф. Ситуацијата е тешка, но се бориме и пливаме за опстанок, додава Бакалова.

„Секоја зима има отвори затвори по дуќаните. Во февруари има смена на дуќаните , некој од трговците се префрла од ваму – таму.Во принцип со текстилот веќе 20 години се вртиме истите трговци, дали некој оваа година ќе има два дуќани па ќе намали на еден или ќе отвори три дуќани е променлива рабоат. Нема нови играчи на полето на текстилот во последните 5-6 години, истите трговци сме. Бисерџиите подобро работат“, вели Бакалова.

Доколку не се дозволеше трговските обејкти да работат во недела ќе беше вистинска пропаст на дејсноста, кажува Бакалова.

Во туристичките тури Охрид се нуди како град на бисерите и сите доаѓаат во недела на купување. Од трговскиот и чаршискиот еснаф се надеваат дека државата ќе има слух и за трговците со текстил да им помогне во овие тешки времиња“, кажува Бакалова.


Во дејноста услуги, од угостителскатa фела не сакаат многу да зборуваат на оваа тема. Кратко напоменуваат дека е многу сериозна ситуацијата со електричната енергија која ја чувствуваат сите. Податоците од централен регистар покажуваат дека во минатата година бил поголем бројот на лица кои се решиле да отворат бизнис во угостителството во споредба со перидот во пандемијата во 2021 година. Според податоците од Централниот регистер за Охрид, во минатата година биле затворени 6 објекти. Два од нив 2 биле од угостителската дејност за подготвување и послужување на храна. Во исто време, се отвориле 293 објекти од којшто во најголем број биле повторно од угостителската дејност.
Вкупен број на ново основани фирми во 2021 година биле 287 субјекти додека истата година биле згаснати 15 деловни субјекти.