Skip to main content

Енергетската криза ќе биде потешка од пандемијата за туризмот

Експертите прогнозираат потешка криза за туризмот во однос на пандемијата. Поради енергетската криза поголемот дел од компаниите нема да може да ги покријат режиските трошоци. Доколку владата не преземе итни мерки доведени во прашање се работните места на голем број вработени во туристичката индустрија.
 |  инфодеск  | 
Охрид градба езеро

Доаѓа уште една тешка зима за хотелско- угостителскиот сектор. Експертите прогнозираат потешка криза за туризмот во однос на пандемијата. Поголемот дел од компаниите нема да може да ги покријат режиските трошоци.

Научната фела смета дека владата итно мора да размислува за сувенционирање на електричната енергија, бидејќи голем дел од компаниите ќе стават клуч на врата, а со тоа ќе бидат загрозени работните места на  вработените во туризмот.

Кога ќе ги ставите на вага приходите коишто сте ги остварувале во шпицот на сезона тие не можат да ги покријат ни половина од трошоците што веќе ќе се генерираат во септември и октомври. Да не зборуваме за зимата кога температурите ќе паднат и нема да им се исплати да продолжат со работа. Треба итно да се преземат чекори за спас на туризмот и угостителството да не дозволиме повторно да се случи она во 2020-та година, кога крахира туризмот – вели Климент Наумов. професор на Факултетот за туризам.

И големите и малите компании подеднакво ќе бидат погодени од кризата. Доколку затворат ќе се намали девизниот прилив во државата.

Периодот што следи ќе биде многу тежок, можеби и потешок од периодот во пандемијата. Треба да им се помогне на комппаниите, знам дека дел од хотелите ќе затвораат особено оние надвор од градското јадро. Тоа е можеби подобра алтернатива за нив отколку да прават големи трошоци – вели проф. Цветко Андреески, декан на Факултетот за туризам.

Според проценките на ХОТАМ, во хотелскиот сектор на брегот на Охридското езеро има околу 3000 вработени. Доколку нема поддршка од владата за надминување на енергетската криза, голем дел од нив ќе останат без основна егзистенција.

Новинар : Соња Рилковска