Skip to main content

Охридско крајбрежје

Енергетската криза ќе затвори голем број хотели

Повеќекратно зголемените сметки за електрична енергија причина за голем дел од хотелите на охридско-струшкото крајбрежје да стават клуч на врата пред почетокот на грејната сезона. Од хотелската асоцијација алармираат, велат потребна е итна помош од државата за зачувување на работните места во хотелскиот сектор.
 |  инфодеск  | 
Град Охрид

Голем дел од хотелите на брегот на Охридското езеро пред грејната сезона ќе стават клуч на врата. Од хотелската асоцијација велат штедат максимално, но сметките за електрична енергија на отворениот пазар се десеткратно зголемени.

Од ХОТАМ велат потребна е итна помош од државата за да се задржат вработените.

Има огромни трошоци, ќе мора да се дејствува да се добие некаква помош од страна на државата при што барем вработените ќе останат на своите работни места, да се добиваат придонеси за нив – вели Крсте Блажески, претседател на хотелската асоцијација ХОТАМ.

Крсте Блажески

Поради компликации во обезбедување на дозволи само мал дел од хотелите имаат инсталирано фотоволтаични системи. Потребно е поедноставување на постапката за подобрување на енергетската ефикасност.

На една рака се бројат неколку хотели кои имаат поставено фотоволтаици. Документацијата за истите е малку потешка, се мешаат некои работи при издавањето на документацијата, бараат да хотелот е 50 метри од обала да може да добие градежна дозвола, а се работи за хотели кои се градени пред 50 години на охридско струшката ривиера – вели Блажески.

Енормните сметки за струја се голем удар врз хотелскиот сектор, кој сеуште не е закрепнат од корона кризата. Од Хотам велат владата мора да изнајде начин за ублажување на последиците и зачувување на работните места во туризмот.  

Новинар : Соња Рилковска