Skip to main content

Без енергетски сертификат нема градежна дозвола

Нова ера на градење во Македонија која покрај тоа што ќе заштеди енергија, се очекува да отвори и нови работни места. Станува збор за сертификат за енергетска ефикасност без која во иднина не ќе може да се добие дозвола за градба.

 |  Николоска Биљана  | 
energetski sertifikat
енергетски сертификат

seso mladiНема дозвола без сертификат за енергетска ефикасност. При издавањето одобрение за градба согласно законот мора да се обезбеди изјава и сертификат од лиценцирано лице или фирма за енергетска ефикасност. М-р Игор Шешо асистент на машинскиот факултет вели дека од 2015 година секој објект ќе треба да има сертификат за енергетски карактеристики. Додава дека пред еден месец на машинскиот факултет завршила обуката за енергетски контролори односно за лицата кои ќе вршат проценка на енергетските карактеристики на зградите.

„Со енергетски сертификат се пропишува колакава треба да биде годишната потрошувачка на енергија на метар квадратен, годишна потрошувачка на примарна енергија. Значи секој новоизграден објект ќе треба да задоволува одредени граници на потрошувачка на енергија и тоа е законски регулирано. Тоа може да се постигне со подобра изолација на самиот објект тоа е првата ставка во енергетската ефикасност а потоа следуваат обновливите извори на енергија. Односно не треба да се меша енергетската ефикасност со обновливите извори на енергија. Енергетската ефикасност значи намалување на потрошувачката на енергија, а при тоа да се задржи истиот термален конфор во самиот објект“– вели Шешо.

energetski sertifikatФакт е дека во Охрид како туристичко место хотелите се најголеми потрошувачи на енергија, нагласува Шешо. Додава дека во нашиот град постои најголем потенцијал за искористување на сончевата енергија и сопствениците на хотелите тоа треба да знаат како да го искористат.

„Самата потрошувачка на енергија самите сметки кој што се во хотелот за потрошувачка на енергија се индикатор кој што ги тера и самите сопственици на хотелите да изнаоѓаат начини за користење на обновливите извори, односно тие ги користат обвновливите извори од економски аспект меѓутоа со тоа прават и голем еколошки бенефит“ – нагласува Шешо.

На самиот енергетски сертификат ќе има класи А, Б. Ц, Д. Енергетските сертификати ги издаваат енергетските контролори. Правилникот на енергетски карактеристики на зградите вклучува и контрола на уредите за ладење и греење, кои исто така влегуваат во издавањето на енергетскиот сертификат.

{loadposition content9}