Со претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски, Народниот театар Охрид вечерва во 20 часот ja започнува новата сезона.
Во претставата игра добро познатата актерска екипа, Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.
Сценографијата и графичкиот дизајн е на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.
Претставата иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни – велат актерите.
Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид, а телефоните за резервации се 046/261-063, 075/283-066.