Skip to main content

Епидемијата на морбили во Струга не стивнува

За една седмица осум нови заболени од морбили во Струга.

 |  Соња Рилковска  | 

За една седмица осум нови заболени од морбили во Струга. Епидемијата не стивнува , бројот порасна на 49 заразени,   по еден нов заболен дневно. Тринаесет од заболените со морбили  се медицински лица,  сестри и друг персонал од здравствените установи.
 Најголем дел од нив се на возраст од една  до педесет години. Бидејки се работи за високо контаминозно заболување овој број се очекува да расте.
„Меѓу заболените нема деца  кои според вакциналниот статус  кои требало да бидат вакцинирани, а ниту пак имаме школски деца. Сите заболени се деца до една година и  група од 40 до 50 години. Тоа е возраст кога опаѓа имунитетот од самата вакцинација0201Се очекува многу поголема бројка на заболени од ова“, вели Јованка Коровешоска епидемиолог.
Поради ширењето на болеста спроведена е дезинфекција во сите здравствени установи во Струга.
 „Во здравствените устаови во општата болница во домот и забраета е посета во болниците. Во школите исто и во детстките граднки направена е дезинфекција  и во училиштата. И препораките редовно миење на раца и дезинфекциони средства“,  додава Коровешоска.
По прогласувањето на епидемијата во Скопје   пораснал и интересот за вакцинација на децата со МРП вакцина.
Во Охрид засега нема ниту еден регистриран случај на морбили, епидемиолозите апелираат родителите да ги вакцинираат своите деца навреме , да се избегнуваат контакти со болни, а  болните да бидат изолирани дома за да се спречи ширењето на инфекцијата.