Skip to main content

Епидемиолози и доктори апелираат да се намали изолацијата на асимптоматските случаи

Комисијата за заразни болести ќе се состане по божикните празници за да ја разгледа можноста да се намали траењето на изолацијата на асимптоматските случаи на заразените со коронавирусот.

 |   | 

Комисијата за заразни болести ќе се состане по божикните празници за да ја разгледа можноста да се намали траењето на изолацијата на асимптоматските случаи на заразените со коронавирусот.

Деновиве епидемиолози и доктори апелираат изолацијата за асимптоматските случаи да се намали од десет на седум дена, поради различните карактеристики што ги манифестира сојот омикрон кој веќе се шири во земјава. Според актуелните протоколи, позитивните одат во изолација 10 дена доколку се без симптоми, а 20 дена ако покажуваат знаци на болеста. Во услови на ширење на омикрон кој ги заразува и вакцинираните од проценката на епидемиологот зависи дали вакцинирано лице треба да се изолира според тоа колку време било во контакт со заболен и на колкаво растојание.