Општина Дебрца во соработка со Rupicapra MTB Adventure team започна со подготовка за одржување на Вело настан на падините на Славеј Планина на 13-Април 2025 година со почеток во 10:00 часот, а со старт во селото Лактиње.
-Сите љубители на велосипедизмот и планините ќе имаат можност да ја разгледаат убавината на Славеј Планина и селата во нејзините падини, велат од Општина Дебрца.

Настанот Славеј Планина МТБ тура 2025 е без котизација, а за учесниците обезбедени се бесплатни освежителни пунктови, вода, сок, енергетски барови, благо, овошје, магнезиум, ручек…
Заинтересираните велосипедисти може да се пријават на линкот, а повеќе информации за патеката може да се видат овде.