Skip to main content

Есента-сликар со волшебни бои

Во ОУ „Григор Прличев“ креативните ученици есенте ја вселија низ училишните ходници. Таму беа поставени најразлични нивни изработки кои биле направенипод будните очи на наставниците-ментори.

 |  Јаковлева Лионела  | 
rabotilnica
rabotilnica

Есента со сите нејзини бои и убавини прикажана во изработки од пластелин, лисја, овошје, зеленчук и што ли уште не. Дечињата од прво и трето одделение од основното училиште „Григор Прличев“ денес своите ремек дела ги изложија во училишните хоници. Тие преку нив ја покажаа својата креативност и фантазија.decinja

Идејата за ваквата изложба потекнала од вработените. Тие биле иницијатори првачињата да направат сликовници на тема есен. Наставничките заедно со учениците собирале суви лисја, шишарки и плодови од кои ги направиле несекојдневните изработки.

Ваквата изложба која во ова училиште за прв пат е направена има за цел да ја поттикне љубовта на учениците кон природата, а преку креативните изработки учениците да учат за даровитата есен. Во реализацијата на истата многу помогнале и родителите кои секогаш се активни учесници при организација на сите настани во училиштето.

{loadposition content9}