Есенва ќе има семинарски и конгресен туризам
Хотелските капацитети на брегот на Охридското Езеро очекуваат солидна исполнетост и во септември. Есента секогаш била најпогодна за развој на семинарски и когресен туризам.
Од хотелската асоцијација велат и покрај повисоките цени и поскапувањето, после укинувањето на рестриктивните мерки во пандемијата, закажани се поголеми семинари, конференции и конгреси.
Има најавени семинари, поголеми конгреси кои минативе години не беа направени од причини што немаше доволно простор за собири со почитување на мерки од типот растојание итн. Се надевам дека короната нема да земе некој поголем замав, од есента ќе спласне самиот вирус и нема да биде толку опасен за да се прават разноразни мерки по објектите – вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.
И Охрид и Струга заеднички мора да работат на развлекување на туристичката сезона. Најголемиот број културни настани, концерти и збиднувања се стационирани и се случуваат во периодот на 1-ви август. Мора да се размислува за дополнителни манифестации во септември, за привлекување на поголем број туристи.
Треба да се отпочне од почетокот 15–20 јуни и да имаме мнифестации се до 15-20 септември. И спортски манифестации, и Охрид Колинг и други настани и манифестации. Треба да има три четири настани што ќе придонесат за привлекување на разни типови на гости со разни вкусови – вели Блажески.
Поради енергетската криза и бранот поскапувања голем дел од хотелските објекти и оваа зима ќе стават клуч на врата, а ќе отворат во април следната година.
Новинар : Соња Рилковска