Skip to main content

ЕУ фондови и рурални општини

ЕУ Амбасадорот Дejвид Гир ја посети Дебрца

Гир рече дека селата како непресушни извори на квалитетна храна и природно и културно наследство се рбетот на нашата земја.
 |  Голабовски Крсте  | 
Гир и Ногачески

Како општина со ограничени ресурси, проектите кои се реализираат со европски пари во Дебрца се од животно значење за граѓаните на општината, потенцира градоначалникот Зоран Ногачески кој денеска беше домаќин на Евроамбасадорот Дејвид Гир. Селата се рбетот на оваа земја. Тие се непресушен извор на здрава квалитетна храна и природно и културно богатство и токму поради тоа истите мора да се подржуваат и охрабруваат, изјави евроамбасадорот.

„Токму поради тоа ЕУ е активна во поддршката токму на оваа општина, во охрабрувањето на можностите за промоција на туризмот, поддршка на земјоделието преку ИПАРД програмата како за природната така и за самиот социјален живот која овде постои“ – потенцира Дејвид Гир – Шефот на Делегацијата на Европската Унија.

Со средства од европските фондови се реализирани голем број успешни проектни приказни, како прокетот во рамки на прекуграничната соботка со Грција, каде беше таргетирано Белчишкото блато и во рамките на истиот, беше реконструирана старата касарна во селото Белчишта, која е денес е адаптирана и истата ќе биде искористена како изложбен центар на Белчишкото Блато – кажа градоначалникот Зоран Ногачески.Тој напомена дека со средства на ЕУ се реализираше и проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ , проект кој во изминатите три години го реализираше Црвен крст Охрид, во партнерство со општините Дебрца и Грамш од Албанија и Алпинистичкиот клуб Патагонија Охрид, а бешее финансиран од Европската Унија, Програма за прекугранична соработка Македонија-Албанија и Министерството за локална самоуправа.

„Во реализацијата на сите тие проекти, општината се стекна со огромно искуство во поглед не само на подготовката на проекти какви што бара ЕУ. Тоа се проекти кои бараат поголема и издржливост и одржливост. И стекнавме искуства и во самиот процес на имплементација на проектите и го запознав евроамбасадорот дека општина дебрца е подготвена и има предлози и идеи за идни проекти и со средства од претпристапните фондови од ЕУ и од другите меѓународни донатори“ – објасни Зоран Ногачески – Градоначалник Општина дебрца.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, за време на посетата покрај работна средба со градоначалникот Ногачески и Членовите на Совет на Општина Дебрца, имаше средби и со жителите на Дебрца.