ЕУ амбасадорот Дејвид Гир заедно со амбасадорите и претставниците на повеќето држави членки на ЕУ во Македонија, денеска остварија посета во Јавната Установа Национален парк Галичица.
Од страна на ЈУНП Галичица беа презентирани работата и активностите поврзани со заштита на природата, туризмот, еколошката едукација, финансирањето и реализираните проекти поддржани од бројни ЕУ фондови и поедниечни донации од земијите членки на ЕУ.
На настанот покрај вработените во ЈУНПГ, присутни беа извршниот директор на PONT Мирјам де Конинг, како и претставници на Планинската Спасителна Служба.
Целта на оваа посета се должи на успешното работење на ЈУНП Галичица, а исто така и нивната соработка со локалните и регионалните чинители и соработката со заштитените подрачја од регионот во насока на остварување на заедничката визија.