Европа во мало пристигна во Охрид
Нашиов град е домаќин на 9тиот конгрес на Лајонс клубови од градови со тврдини. Во конкуренција од 50тина лајонс клубови од континентов, лајонс клубот Десарети ја доби честа да го организира овој настан
Охрид домаќин на 9тиот конгрес на Лајонс клубови од градови со тврдини. На овој голем настан учествуваат 140 делегати од Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Малта и Македонија. Д-р Сашо Василевски, дистрихт гувернерот на Д 132 Македонија вели дека ова е една голема промоција на нашата држава и нашиот град
Охрид живее во лајонистички дух. Присуството на делегатите од најразлични клубови од земјите во Европа ќе ни овозможат реализација на голем број проекти, додаде дистрихт гувернерот на Д 132 Македонија.
Асоцијацијата на Лајонс клубовите од градови со тврдини постои десет години и тоа во склоп на светската организација Лајонс клуб интернационал. Амбасадорот на оваа асоцијација од Охрид, Елизабета Илиевска вели дека идејата за формирање на асоцијацијата потекнала од еден италијанец, а целта е промовирање на културно историското наследство на членките во таа асоцијација. Постојат 70 градови со тврдини кои се дел од асоцијацијата, а овој конгрес секоја година се одржува во различна држава. Во конкуренција од 50тина клубови охридскиот лајонс клуб Десарети ја доби честа да го организира овој настан. Елизабета Илиевска, амбасадорот на Асоцијацијата на Лајонс клубовите од градовите со тврдини вели дека членките на лајонс клубовите биле воодушевени од материјалите што ги виделе за Македонија и Охрид.
Кога видоа каква ризница на културно историски споменици е Охрид и каква чудесна земја е Македонија веднаш посакаа овој конгрес да се одржи токму овде, објаснува Илиевска.
Гостите на овој конгрес се воодушевени од убавините на Македонија и Охрид. Тие кажуваат дека нашата земја е прекрасна, но за жал многу малку Европа знае за неа.
Претседателот на лајонс клубот Десарети, Зоран Тилевски вели дека иако Македонија не е во ЕУ со овој конгрес и неговата организација уште еднаш се докажа дека местото ни е токму таму.
Од реакциите на присутните скоро сум сигурен дека за неколку години Охрид повторно ќе биде домеќин на овој конгрес, вели Тилевски
Организацијата на конгресот покрај лајонистите ја помогна и Локалната, а посебна чест преставуваше присуството на претседателот Ѓорѓе Иванов. Тој во своето обраќање пред присутните истакна дека со големо задоволство присуствува на овој настан бидејќи со помош на лајонизнот и хуманоста која тој ја протежира им се помага на голем број луѓе во светов.
Претседателот на РМ рече:
Од 1990 год, Меѓународниот Лајонс-клуб обезбеди над 415 милиони долари за програмата за зачувување на видот. До денес , 30 милиони луѓе во светот можат да гледаат благодарение на вашите програми. Над 12 милиони млади се дел од образовната програма за борба против дрогата и насилството. Вие сте глобален лидер на хуманоста и на служењето во заедницата. Затоа вашето мото „Служиме“ најдобро ја одразува вашата мисија.
9тиот конгрес на Лајонс клубови од градови со тврдини завршува утре. Но, со тоа не завршуваат активностите на македонскиот Лајонс Дистрихт во чии рамки работат околу 40 клубови со 1000 членови. Само во Охрид има шест клубови кои работат посебно, но сите се под капата на Дистрихт 132 Македонија. Тие во летниов период ќе организираат повеќе хуманитарни концерти, а собраните средства како и досега ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.
{loadposition content9}