Skip to main content

Европската недела на спортот и во Охрид

Под мотото „Те предизвикувам да бидеш активен“ во Охрид ќе се одбележи Европската недела на спортот.

 |  Голабовски Крсте  | 

Под мотото „Те предизвикувам да бидеш активен“ во Охрид ќе се одбележи Европската недела на спортот.

Агенцијата за млади и спорт заедно со локалните клубови, амбасадори и национални спортски федерации, како и спортски работници, организира рекреативен ден.

„Во текот на денот, сите игри од различни спортови ќе бидат достапни, од полигон за сите возрасти, до ракомет, кошарка, фудбал, пилатес, а можеби и рекреативни активности за спортови на вода. Со толку многу различни спортови и голема разновидност на поединци, ќе го прославиме крајот на Европската недела на спортот и ќе собереме сила да продолжиме да го подобруваме и промовираме спортот .Ден за сите, дојдете и придружете ни се во прекрасниот Охрид и активирајте се со нас“, вели Борис Џутески локален координатор на Европска недела на спортот во Охрид.

Настанот ќе се одржи во сабота, 2-ри октомври, од 12:00 часот на градскиот кеј.