Skip to main content

национален парк галичица

Европската Ренџерска Федерација организира обука за ренџери во Охрид

Во просториите на Националниот парк Галичица беше одржана презентација за вредностите на паркот, по која се отвори дискусија за предизвиците во работењето на полето на заштита на природата и функционирањето на паркот, а по посетата на инфо – центарот на ЈУНПГ Охрид, учесниците се упатија на теренска работа преку практично изведување на вежба на неколку локалитети во Националниот парк Галичица.
 |  инфодеск  | 

Европската Ренџерска Федерација (ERF) во соработка со SMART (Spatial Monitoring and Reporting Tool) во периодот од 30.09 до 04.10.2024, во Охрид организира обука за ренџери. На оваа обука учество зедоа и ренџерите од Националниот парк Галичица.

Од Националниот парк Галичица информираат дека во рамки на оваа обука од страна на ERF и SMART беа одржани предавања за ренџери и управувачи со заштитени подрачја за мониторинг и заштита на биодиверзитетот со употреба на cutting-edge технологијата, известување, продлабочување на знаењата на реџерската служба за заштита на природа, практични вежби преку студија на случај, како и проширување на глобалната мрежа на SMART.