Skip to main content

Европски ѕвезди за македонските хотели

Охридските хотелиери не се воодушевeни од новиот правилник за категоризација на објектите.

 |  Валентина Неловска  | 
хотели
хотели

Охридските хотелиери не се воодушевeни од новиот правилник за категоризација на објектите. Хотелите, ѕвездичките сега ќе ги добиваат по нови критеруми.  За да се избегнат обвинувањата за  субјективизам при рангирањето на хотелите министерството за економија донесе нов правилник прифатен од хотелите во поголем број европски земји. За хотелите од сите категории предвиден е одреден минимум кој треба да го имаат, а понатаму, за секоја услуга ќе добиваат поени. Вкупниот резултат ќе ја дава и категоријата. Претходниот правилник ги  условуваше луксузните хотели со пет ѕвездички што немаат базен, фитнес и спа-центар да ги  изградат до Нова година, во спротивно, ќе изгубат една или повеќе ѕвездички. Ова  внесе доза на „паника“ меѓу хотелиерите. Според најновиот правилник, базените, спа-центрите или фитнес-сала не се задолжителни, но ако објектот располага со нив, полесно ќе ги собере потребните  бодови. На пример, хотел со една ѕвездичка ако има соби со најмалку 14 квадратни метри ќе добие 10 поени, а  со повеќе од 30 квадрати – 25 поени, а истото важи и за полуксузните хотели. Kај хотелите со 4 и 5 ѕвезди внатрешен базен, на пример, носи 15 поени, надворешен – 10, фитнес сала – 4. Тие што немаат ваква услуга, за да ги задржат петте ѕвездички, ќе треба да ги обезбедат со дополнителни услуги предвидени во правилникот. Во  ресорното министерство пристигаат и првичните информации од прифаќањето на правилникот од хотелската индустрија.
gorica
„ Овој правилник е предложен од асоцијацијата Хотам, повеќе европски држави го прифатиле, а  се предлага и во сите земјите во регионот. Тоа значи дека некаде 80 до 90 посто од хотелите ќе го прифатати  ќе е полесен за нив. Насекаде има за и против како и за  претходниот правилник. Сепак ќе им се удоволи на повеќето хотели “, смета Зоран Николоски од министерството за економија.

Но, по се изгледа ни новиот правилник многу не ги израдува хотелиерите иако се чини дека некои се спасија од градење на базени за да не ги загубат добиените ѕвезди со претходната категоризација. Се добива впечаток дека хотелиерите не се согласуваат со новите критериуми. ТВМ контактираше повеќе охридски хотелиери кои не беа расположени за  коментар правдајќи се со зафатеност. Некои, пак сакаа да останат анонимни и се пожалија на престрогите критеруими кои не се во нивен прилог. Сметаат дека не е возможно домашните хотели да се споредуваат со хотелите од развиените економски, европски земји. Од Стопанската комора за туризам информираат дека има место за одредени измени затоа што Правилникот стапил во сила без претходна јавна расправа со хотелиерите. Нагласуваат дека ова е трет правилник во последните 2 години.
Во моментов, во Македонија има 200 хотели, од кои, 13 се со 5 ѕвезди, а во Охрид само еден, хотелот Инекс Горица.

{loadposition content9}