Skip to main content

Европско првенство во параглајдинг

80 пилоти од 15 земји од Европа, од 1до 8 ми јули ќе го обојат небото над Охрид. Нашиот град домаќин на Европското првенство во прецизно слетување односно параглајдинг. НП Галичица подготвена за да ги дочека натпреварувачките тимови.

 |  Николоска Биљана  | 
paraglajder
параглајдер

Јато параглајдери ќе го преплават небото над  Охрид од 1 до 8 јули. НП „Галичица“, подготвен за Европското првенство во прецизно слетување. Организатор е прилепскиот параглајдинг клуб „Делта“, во соработка со НП „Галичица“. Пет годишната соработка со прилепскиот клуб резултира со создавање на идеални услови за развој на параглајдингот вели Зоран Ангелоски, првиот човек на паркот. Веќе се одредени двете стартни места на падините на Галичица и тие локалитети уредени се согласно стандардите кои се потребни за овој спорт, додава тој.

galicica„Во текот на изминатите неколку денови стартовите беа целосно уредени така да очекуваме пред натпреварот од постојните судии како во изминатите два натпревари кои што ги имавме, да добиеме позитивна оценка дека се подготвени во целост за отпочнување на Европското првенство“.

Претседателот на организационен одбор на Европското првенство Златко Спирковски, вели дека одлично се упатени за организација на големи натпреварувања, а теренот и местоположбата на Охрид биле идеални за тоа. Помеѓу 15 те пријавени земји учеснички е и тимот на македонската репрезентација која е непотполна, поточно фалат 2 пилоти, бидејќи еден тим брои 7 пилоти, 5 мажи и 2 жени а во нашата репрезентација не се застапени претставнички од понежниот пол. Спирковски од охриѓани бара поддршка и следење на натпреварите.

paraglajder„Голема е честа за било која репрезентација и било кој спортист да биде дел на Европското првенство и имаме среќа бидејќи имаме и добри неколку пилоти, се надеваме дури и на индивидуално место. Очекуваме пилотот Мартин Јованоски од Прилеп  дека ќе постигне највисок резултат во нашата репрезентација дури и да го освои третото место“.

Вкупната сума за организација на Европското првенство е 30 000 евра и како средства тешко се наоѓаат, посебно имајќи го во предвид фактот дека во тие средства не учествува Агенцијата за спорт и млади, вели Спиркоски. Додава дека и покрај тоа, со помош на спонзорите Европското првенство ќе се одржи. Отварањето ќе биде на 1 ви јули во 20 часот на градскиот плоштад. Југозападниот ветар е најидеален за нормално одвивање на натпреварот. За натпреварувачите обезбедени се сите услови за престој. Ваквите натпревари даваат огромен придонес за промоција на нашата држава и градот посебно на полето на туризмот, бидејќи тоа значи остварување на над 1000 ноќевања или големо зголемување на пансионската и вонпансионската услуга.

{loadposition content9}