Охриѓанката Христијана Парулеска европски шампион во традиционално таеквондо.
На Европското првенство во Јесоло, Италија таа го освои златото во спаринг борби до 50кг.
„За прв пат на Европско Теквон-до ИТФ првенство се слушна и Македонската химна,
Христијана Парулеска е европски шампион. Најголема благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” ,Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и сите наши поддржувачи. “ – напиша нејсиниот тренер Марјанчо Лазарески на фејсбук.
Предходно Парулеска на првенството освои сребро во форми (кати) 11-13 години црн појас први дан.
На ЕП учествуваат натпреварувачи од 27 земји, а најбројни се репрезентациите на Украина, Чешка, Грција, Англија, Италија, но тука се и репрезентациите од Србија, Хрватска, Германија, Австрија, Словенија, Ирска, Велс, Бугарија.