Спречен шверц со кафе во водите на Oхридското езеро
Пронајдените вреќи кафе биле подготвувани за нелегален транспорт.
Петнаесет вреќи со над 900 килограми кафе, синоќа, триесетина минути по полноќ, пронајде и одзеде, езерската полиција, од Охрид, при вршење на патролна дејност, помеѓу Aвто Kампот „Eлешец“ и Пештани.
На метален чамец биле натоварени 7 вреќи со кафе, секоја од по 60 килограми, а уште осум вреќи со кафе биле пронајдени во непосредна близина на чамецот, имало и моторна пента и пластичен резервоар со гориво. Пронајдените предмети се однесени во полициска станица за понатамошна постапка, а против непознат сторител, за кривично дело „Криумчарење“, поднесена е и кривична пријава. Увид на лице место извршила екипа на СВР-Охрид и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
{loadposition content9}