Езерската вода со одличен квалитет, водата во охридските реки не ги задоволува законските стандарди
Ова се резултатите од последните анализи спроведени од Центарот за јавно здравје за квалитетот на водите во Охрид, Струга и Дебар.
Трите реки во охридско, Коселска, Велгошка и Сатеска со идентичен квалитет, односно трета класа. Ова се резултатите од примероците кои Центарот за јавно здравје ги зел во текот на првата недела од месецов.
Бромологот од Центарот за јавно здравје, д-р Сашо Точков вели дека според добиените резултати може да се заклучи дека водите од овие три реки не ги задоволуваат стандардите според законската регулатива во класификацијата на водите. Лоша е состојбата и во реката Црн Дрим која пак се загадува со водата која поминува низ пречистителната станица во Враништа која е од 4 и 5та класа. Спротивно на ова пак, квалитетот на водата во Охридското Езеро е со одличен квалитет односно со прва и втора класа. Испитувани биле и селските чешми од каде резултатите говорат за недостаток на присуство на средство за дезинфекција односно недоволен степен на хлорираност. Д-р Точков најави дека во наредниот период ќе се изврши контрола и на квалитетот на водите од јавните чешми во регионот на градов. Повеќе околу резултатите од испитувањата на Центарот за јавно здравје во Дневникот на Телевизија ТВМ, во 17 часот.
{loadposition content9}