Фабрика за рециклирање на отпад на Мауцкер
Фабрика за рециклирање на отпад на Мауцкер по се изгледа ќе се гради. Моментално се прават калкулации дали ќе се прави со пари од општината или од приватни компании. Со изградбата на фабриката за рециклирање отпад ќе се намалат загубите на ЈП „Охридски Комуналец“, а и ќе добиеме една локација каде правилно ќе се третира отпадот.
Станува се поизвесна изградбата на фабрика за рециклирање на отпад на Мауцкер. Овој проект е одобрен уште во 2016 год., а минатата и оваа година интензивно се работеше на негово комплетирање. Моментално се прават калкулации дали еколошката фабрика за отпад ќе ја гради општината или приватни компании.
До овој момент од Локалната самоуправа и ЈП Комуналец сите наши задачи се завршени. Чекаме на партнерот, Р.Грција кој ги обезбедуцва средствата да ја комплетира документацијата за проектот, вели Љупчо Грданоски- директор на ЈП „Охридски Комуналец“.
Со изградбата на фабриката за рециклирање отпад ќе се намалат загубите на ЈП „Охридски Комуналец“, особено транспортните трошоци за 40 км оддалечената дива депонија на Буково, каде во моментов се одлага отпадот, ќе се влијае на рентабилност и профитабилноста на јавното притпријатие, а ќе има и нови инвестиции, а со тоа и нови вработувања. Што е најважно ќе добиеме една локација каде правилно ќе се третира отпадот со што ќе добиеме еколошки чиста средина во градот. Грданоски кажува дека во иднина на Мауцкер е планирано да се лоцира ЈП „Охридски Комуналец“ како и стационарот за бездомни кучиња.
Преку Локланата самоуправа подготвена е тендерската документација за изработка на локална планска документација како би можело тој простор да го користиме и за други намени биудејќи таму беше планирано изградба на фабрика за рециклирање на отпад и добивање био гориво, вели Грданоски.
Во европските земји сметот е бизнис. Некои увезуваат смет кој го преработуваат и го користат за разни намени. Фабриката на Мауцкер за да работи рентабилно не ќе е доволен само сметот од општина Охрид. Затоа тука ќе се рециклира смет и од Струга и од поширокиот регион, вели Грданоски. Со тоа решаваме еден огромен проблем кој не следи со години, додава тој. Градот мора да најде решение за сметот додека се чека изградбата на регионалната депонија, најавувана децении наназад.